Provision Регулатива

Регулатива

Pro-Vision заедно со партнерите e активно влучена во секоја фаза од развојот на сеопфатна стратегија за регистрација на производите. Времето за воведување на нов производ е од особена важност за денешните компании и игра клучна улога во враќањето на инвестициите, затоа и е еден од нашите врвни приоритети. Вложивме многу напор и ресурси во градење на тим на професионалци со експертско знаење и искуство за управување со процесот на регистрација.

Нашите услуги за регистрација нудат сеопфатни решенија, влучувајќи ги следниве активности:

  • Изработување на стратешка регулаторна рамка за поднесување до надлежните институции
  • Управување со документи (собирање, евалуација, комплетирање на научни податоци и информации за производот)
  • Советување за процедурите и работењето
  • Комуникација помеѓу надлежните институции и нашите партнери
  • Превод на сите неопходни документи во согласност со локалните регулативи
  • Обезбедување податоци и контиунирано следење на процесот на регистрацијата

Партнери

FREYHERR

Компанијата Freyherr ја продолжува традицијата на семејната династија Фрејер, на фармацевти и алхемичари, кои датираат од средината на 18 век. Во Freyherr веруваме во природна медицина и безбедно користење. Ние сме посветени на сигурноста, квалитетот, безбедноста, науката базирана на иновации, одржливост и здравје.

повеќе