Provision визија & мисија

За нас

Pro-Vision е новоформирана компанија за големопродажба на медицински средства и давање дополнителни услуги за претставување и промоции во областа на фармацијата. Pro-Vision работи на територијата на Македонија, посветена на понатамошно проширување на локалните маркетинг и продажни мрежи во соседните земји во следните неколку години.

Широкиот опсег на нашите услуги овозможува целосно да ги замениме мултинационалните претставништа на компаниите кои одлучуваат да ги понудат своите производи на македонскиот пазар и успешно да стигнат до локалните потрошувачи.

Наша стратегија е да испорачаме целосни решенија за нашите партнери и обезбедиме висококвалитетни производи за нашите клиенти/корисници.

Мисија

Да се обезбедат високо квалитетни производи на пазарот, кои: КОРИСНИЦИТЕ ги препорачуваат на семејствотото и пријателите, ЛЕКАРИТЕ ги преферираат за своите пациенти, АПТЕКИТЕ ги обезбедуваат на своите клиенти, и на кои ВРАБОТЕНИТЕ се горди.

Визија

Да се изгради СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО со високо реномирани мултинационални компании и да се обезбеди долгорочна сигурност за нашите корисници.

Партнери

FREYHERR

Компанијата Freyherr ја продолжува традицијата на семејната династија Фрејер, на фармацевти и алхемичари, кои датираат од средината на 18 век. Во Freyherr веруваме во природна медицина и безбедно користење. Ние сме посветени на сигурноста, квалитетот, безбедноста, науката базирана на иновации, одржливост и здравје.

повеќе